Adoptoi Khami (Хами)
Rasvahybridi · Nainen · Aikuinen · 7 vuotta
Käännös tulossa.
Хами е куче старо околу 7-8 години. Пред неколку години го помина хуманиот третман во Лајка и ја доби својата најголема желба – свој дом. Имаше свој човек и топол агол, но поради здравствени проблеми на вдомувачот, Хами повторно се врати кај нас и сега повторно бара нова шанса. Хами е зрела дама со тивка душа и мирен карактер. Не бара многу – сака спокој, стабилност и некој што ќе ја сака таква каква што е. Со својата нежност и смиреност, таа е совршен придружник за некој што бара верен и благодарен пријател. Заслужува повторно да почувствува што значи „дом“ – свој кревет, свој човек и сигурност дека овојпат љубовта ќе трае засекогаш. Ако сакате да ѝ подарите мирен и топол дом, пишете ни. Хами ве чека.
Listattu tänään






