Dingo (Динго) örökbefogadása
Férfi
Fordítás hamarosan.
Динго е 4-годишен Белгиски овчар-Малиноа. Интелигентен, фокусиран и со енергија што бара насока. Не е куче „само за миленик“- тој е куче за човек што сака вистинска врска, работа и движење. Како и многу Малинои, неговата приказна почнала со недоволно разбирање на расата. Но вината не е негова. Динго е лојален, посветен и живее за доверба. Му треба искусен сопственик кој ќе знае да ја насочи неговата енергија и интелигенција. Со вистинскиот човек, Динго станува неверојатен партнер,чувар, пријател и сојузник во секојдневието. Долго време е во ЈП Лајка и чека некој што ќе го види како што треба. Ако си подготвен/а за куче со карактер и длабока лојалност-дојди да го запознаеш. Динго не бара совршенство. Бара свој човек.
Megjelent ma



