Adoptera Puma (Пума)
Hon · Unge · 3 år
Översättning kommer snart.
Пума е прекрасна женка пит бул, стара околу 3 години , која со своето достоинствено држење и длабок поглед веднаш ќе ви го привлече вниманието. Таа е уникатен карактер – со силна волја, но и способност за длабока поврзаност кога еднаш ќе ви се довери. 💛 За Пума бараме искусен вдомувач , некој кој има разбирање и трпение, кој ќе знае како да води, но и да сака. Таа заслужува стабилност, структура и човек кој ќе ѝ помогне повторно да се почувствува безбедно. 👉 Најдобро би ѝ одговарало да биде единствен миленик , бидејќи не се сложува најдобро со други животни. Пума не е куче за секого – но за оној вистинскиот, таа ќе биде најлојалниот пријател што некогаш сте го имале. Ако сте спремни да ѝ понудите втор почеток, таа ќе ви подари сè што има – целото свое срце. 🐶
Listade i dag



